Нема договор за петтиот член на ад хок телото за медиуми
Четирите членови на комисијата за следење на медиумското претставување денеска не успеаја со конзензус да го изберат петтиот член на ад-хок телото, соопшти Агенцијата за медиуми.
Членови се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпевски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ. Требаше да се избере последниот член од албанска националност.
На полноќ завршува рокот и не се знае како и кога ќе дојде до комплетирање на ад-хок телото за контрола на медиумите во предизборието.
Разговорите на привремената комисија за следење на медиумското претставување за денеска завршија, а нивното продолжување е најавено за утрешниот ден.
Слично
