Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДОГОВОР за изборен модел: Политичарите несериозни, ЕУ разочарана – Што понатаму?

НЕМА ДОГОВОР за изборен модел: Политичарите несериозни, ЕУ разочарана – Што понатаму?

Иако изгледаше дека конечно ќе падне договор за изборните регулативи според кои треба да се спроведат претстојните предвремни парламентарни избори сепак рокот истече, а епилогот од маратонските преговори е пропаѓање на договорот.

Една од причините договорот за изборниот модел да падне во вода е несериозниот однос кон дел од темите на политичарите брифираат извор за фактор.

Странците стапуваат на сцена

Ни меѓународните олеснувачи не успеаја доволно да притиснат за решение на изборниот модел, па најверојатно во петок на маса ќе им биде претставен готов предлог изготвен од самите нив.

Иако велат дека не се песимисти, сепак во дипломатските кругови владее разочараност.

Питер Ван Хоуте вели дека е направен прогрес во дел од Изборниот законик и изрази надеж за постигнување на договор во најбрзо време.

Предлог законот за мораториум на бобмите ги фрли во сенка преговорите

Состојбата во преговарачкиот процес се искомплицира кога пратеници од владеачката гарнитура поднесоа до Собранието предлог Закон со кој бараа високи затворски казни за поседување и емитување на содржината на „бомбите“ на Заев, но сепак после острите реакции во јавноста предлог Законот беше повлечен од неговите предлагачи.

Законот сега ќе се најде пред пратениците и паралелно со преговорите за изборниот модел ќе се доработува, со нови предлози и заштита на „свиркачите“. До 20 октомври новиот текст за предлог Законот треба да се најде пред пратениците.

„Талат Џафери го повлече законот од парламентот. Овој закон сега оди во работната група, каде ќе разговараме, ќе дадеме нови предлози заедно со законот за заштита на „свиркачите“. Текст ќе биде доставен во парламентот пред 20 октомври, изјави Питер Ванхауте.

Нова средба?

За утре е закажана нова средба на преговарачите, а дали после дождот ќе изгрее сонце и ќе се реши нешто, останува да го чекаме утрешниот ден.

Слично

Поврзани вести