Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор за грчкиот долг

Нема договор за грчкиот долг

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер се сретна денес со грчкиот премиер Алексис Ципрас, на маргините на форумот ЕУ-Латинска Америка.

Не е постигнат договор за грчкиот долг и денес, но утре двајцата ќе одржат нова средба.

Јункер изјавил претходно пред европските комесари во вторникот дека нова средба со Ципрас би била „губење на време“ и е „подобро да се сретне со Шпанците“.

Тој реагираше луто викендов на односот на грчките водачи кон преговорите и го обвини Ципрас за лага пред сопствениот парламент.

Се очекува Ципрас да се сретне повторно со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Меѓународниот спасувачки пакет истекува на крајот на месецот и Атина очајно има потреба од пари, за да избегне банкрот и евентуално напуштање на еврозоната. При успешно завршување на преговорите Грција ќе добие 7,2 милијарди евра помош.

Секој постигнат договор ќе треба да биде одобрен од министрите за финансии на еврозоната.

Минатата недела Грција го одложи плаќањето од 300 милиони евра кон ММФ. Значи до крајот на јуни оваа балканска држава ќе мора да плати рата од 1,6 милијарди евра. Опцијата да се обединат придонесите за крајот на месецот за последно беше користена од Замбија во 80-тите години на XX век.

Слично

Поврзани вести