Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор во Комисијата за „црниот“понеделник, почнаа меѓусебни обвинувања!

Нема договор во Комисијата за „црниот“понеделник, почнаа меѓусебни обвинувања!
Нема договор за работата на комисијата за расветлување на црниот понеделник. Иако до синоќа на полноќ беше даден крајниот рок, сепак ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеаја да постигнат договор за заедничкиот извештај кој требаше да утврди што се случи во Собранието за време на донесувањето на буџетот и дали имало уставни прекршување додека се бркаа пратеници и новинари од собраниската сала. Затоа има војна на информации за тоа кој е виновен за пропаѓањето на единствената шанса за спасување на образот на Македонија пред Европа. Синоќа дел од медиумите излегоа со информација дека е спорно уште само прашањето за односот кон новинарите во собраниската галерија. Останува спорнo и се уште не е утврдена повреда на Уставот при исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, за што сеуште нема договор меѓу двете спротивставени страни СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, објави НОВА ТВ. Извори во комисијата изјавиле дека значителен пресврт и напредок е прифаќањето на членовите на комисијата од ВМРО - ДПМНЕ дека постои прекршување на Уставот во отстранувањето на пратениците од собраниската сала. Порталот Курир утрово јави дека останале отворени уште неколку прашања, но за жал опозициските претставници не биле подготвени да превземат одговорност, туку се обидувале целата вина да ја префрлат врз ВМРО-ДПМНЕ. Според Курир не се точни тврдењата дека не било решено само прашањето за новинарите. Како што пишува Курир, од денес сите опции остануваат отворени. Со слични информации излегоа и Вечер и МКД. Инаку, додека членовите на комисијата доцна во ноќта ги разгледуваа последните предлози на претседателот во оставка Борче Давитковски, лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, се појави во кафулето до Клубот на пратеници, кое новинарите го имаа претвроено во свој прес центар. Рече дека сакал само да ги посети новинарските екипи, но во муабет со нив изјави оти во извештајот мора да стои дека власта го прекрши Уставот на Република Македонија. Расчистување на инциденти за добар европски извештај или предвремени парламентарни избори Од епилогот на комисијата која треба да ги расчисти собраниските инциденти зависат многу работи. Ако не се постигне договор, тогаш не се исклучени и предвремени парламентарни избори. Eвентуално не постигнување на договор истворемено ја загрозува и европската иднина на Македонија. Според претседателот Борче Давитковски, кој во меѓувреме си даде оставка, останале отворени повеќе прашања, а не верува ниту дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе постигнат договор. „Покрај многу напори што вложивме останаа уште неколу прашања отворени. Сега веќе прв пат можам да речам дека не сум веќе оптимист дека работава ќе ја завршиме. Остануваат отворени сите опции. Се надевам дека ќе изнајдеме сили она што го бараат од нас да го завршиме. Пред се, јас мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на нашата држава,“ изјави доцна синоќа Давитковски. Петок на полноќ беше рокот договорен помеѓу челниците на двете најголеми партии Никола Груевски и Зоран Заев, за затворање на работата на Комисијата и изготвување на Извештајот. Првата постава на комисијата во која беа Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска, деновиве беше дополнета со Груевски и Заев, Мартин Протуѓер и Радмила Шеќеринска. Формирањето на Комисијата беше обврска од Договорот од 1 март, за воспоставување на политички дијалог во земјата и нов услов за Македонија на интеграцискиот пат кон ЕУ.  
Слично

Поврзани вести