Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор меѓу Македонија и Косово. Преговорите продолжуваат

Нема договор меѓу Македонија и Косово. Преговорите продолжуваат
Косово и Македонија не постигнаа договор за укинување на ембаргото за макеодонските производи воведено од косовските власти и за укинување на патните такси за косовските државјани воведени од косовските власти. Средбата на министрите Ваљон Сaраќини и Мимоза Кусари – остана без конкретен договор,  јавуват косовските медиуми. Двајцата министри најавија дека преговорите ќе продолжат во наредните денови. „Косовската влада е подготвена кога Република Македонија ќе ја повлече мерката за условен увоз на брашно, како и мерката за патни такси за косовските државјани, веднаш да го запреме ембагорото за увоз на стоки од Македоднија - изјави министерката Кусари. Од друга страна, пак, македонскиот министер за економија, Ваљон Сарачини, вели дека ќе ги искористи сите механизми за да се најде заеднички јазик и да се надмине овој проблем. „Нашата влада сака и е заинтересиран што е можно поскоро да се реши овој проблем и ние сме подготвени за дијалог и јас сум среќен да се започне конструктивен дијалог и се надевам дека во многу брзо време ќе се хармонизираат нашето позиции и ние ќе се најде заедничко решение " - рече Сарачини. Тој додаде дека мерката за условен увоз на брашно и жито не беше само за Косово туку за сите земји членки на ЦЕФТА и тоа не е во спротивност со договорот ЦЕФТА . Според Сарачини, одлуката на македонската влада е за да се заштитат локалните одлуки.
Слично

Поврзани вести