Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема договор меѓу Груевски и Заев

Нема договор меѓу Груевски и Заев
Без успех за помалку од два часа заврши лидерската средба на Никола Груевски и Зоран Заев во Клубот на пратеници. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не успеаја да постигнат никаков договор кој може да навести излез од политичката криза во земјата. Запнале уште кај првото барање на опозицијата - техничка влада, која ќе организира нови избори во Македонија. Опозицијата без исполнување на ова барање не е подготвена да се врати во Собранието, а барањето е неприфатливо за владејачкото мнозинство. По ова, за останатите четири барања на опозицијата не станало ниту збор. „Можам да соопштам дека не постигнавме договор, нема разговор заради темата техничка влада. Тоа е тоа за кое што денеска се разговараше“, изјави Заев по завршувањето на средбата во четири очи.
Слично

Поврзани вести