Нема договор кај Вељановски, партиите закопани во буџетски ровови!
Владејачката партија брифираше дека на денешната координација кај претседателот на Собранието со пратеничките групи, се уште ништо не е договорено. Вељановски предложил за два дена двете собраниски комисии да завршат со расправа за амандманите, а по тоа во дополнетиот предлог Буџет, ако Владата се изјасни позитивно за предлогот на СДСМ, тој да се вметне. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не е деловнички предлогот на СДСМ да се разгледува во Собрание, туку за него може да се изјасни само Владата. Извори од ВМРО ДПМНЕ изјавија дка СДСМ го одбиле овој предлог, и дека ќе продолжи координацијата.
Слично
