Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема диплома, а има работа од соништата

Нема диплома, а има работа од соништата

Младата Деа Кричкиќ од Осијек е пример дека со сопствен труд и ангажман може да се дојде до работа, не во Германија или Ирска, туку во родната земја.

Има 24 години, апсолвентка е на психологија, а веќе има работа.

„Работам со деца и родители, а во Докица работам веќе година дена. Се почна во 2012 година кога дојдов да волонтирам, почнав со едукативни и креативни работилници со деца. Имав идеји за различни проекти. Работев на проект за граѓанско одгледување на деца, на основа на што ја добив и работата и тоа преку студентски договор, затоа што сум студент“ - раскажува девојката.

Таа смета дека младите треба да бараат работа, а не со години да чекаат во Завод за вработување.

„Треба да се бара работа, нешто да се работи затоа што со чекање ништо не се постигнува. Вака се стекнуваат знаења, вештини и квалитетни искуства. Како психолог работата во граѓански сектор ми дава повеќе слобода“ - вели Кричкиќ.

Додава дека работата е креативна, секој ден е различен и не е здодевно.

Слично

Поврзани вести