Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија не доби датум за преговори – прашањето Брисел ќе го разгледува идната година

Македонија не доби датум за преговори – прашањето Брисел ќе го разгледува идната година
Прашањето за преговори со Македонија ќе се разгледува во 2014  е заклучокот на Самитот на Европскиот совет во однос на предлогот на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот на Советот, Линас Линкевичиус, потврдиле дека е забележан напредок во Македонија, но дека поради недостиг на консензус во ЕУ, нема датум за почеток на преговорите за членство на Македонија, јави МИА. „Не ја кријам загриженоста во однос на БЈР Македонија. Имаме надеж дека осигуривме договор за нов пристап кон ЕУ-посветеноста во оваа земја. Советот одлучи да се врати на ова прашање врз база на ажурирање од страна на Европската комисија за натамошниот прогрес во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво, вклучително и на имплементација на политичкиот договор од 1 март и на чекорите преземени за промовирање на добрососедските односи“, посочил Филе кој побарал земјата да ги искористи следните месеци за да напредува во реформите и работата со сите партнери за да излезе од статус-кво ситуацијата. Министрите од ЕУ-земјите дадоа зелено светло за Србија да ги почне преговорите за членство со основање на меѓувладина конференција ЕУ-Србија во јануари. Нема кандидатски статус за Албанија,  Косово продолжува со Договорот за стабилизација и асоцијација, а  Босна и Херцеговина била избегната како тема на овој состанок поради политичките проблеми во земјата, јавува МИА.
Слично

Поврзани вести