„Нема да ви помине“ – порачуваат демонстрантите
„Нема да ви помине“ порачуваат демонстрантите кои вечерва излегоа пред СЈО.
Бараат да се исполнат сите нивни барања, покрај тоа што изборите се одложија. Според нив, аболицијата Иванов треба да ја повлече и да си поднесе оставка. И покрај новите случувања на политичката сцена, граѓаните не се откажуваат и понатаму ќе протестираат. Бараат правда и демократија, но и земјата да се врати на вистинскиот пат.
„Секојдневно упатуваме повик кон сите оние наши сограѓани и сограѓанки, особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат - тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба!“ - велат од „Протестирам“.
Протестите траат повеќе од месец дена.
Слично
