Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да се чепка евтината тарифа на струјата

Нема да се чепка евтината тарифа на струјата

Евтината тарифа на струјата ќе остане, уверува Регулаторната комисија за енергетика по најавите за поскапувања. 

Велат дека евтината тарифа е на некој начин субвенција за електричната енергија која граѓаните  ја користат. Ова прашање се разгледуваше и лани, но по долги преговори барањето беше одбиено.

Идната недела треба да имаме повеќе детали околу коригирањето на цената на струјата. Новата цена на струјата ќе важи од месец август. Струјата лани поскапи за 7, 4 проценти на барање на државните енергетски компании.

Премиерот Зоран Заев е убеден дека струјата нема да поскапи. Вели дека за да се ублажи растот на цената на струјата условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти.

foto freepik

Слично

Поврзани вести