Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА СЕ БРЗА СО МЕРКИ ПРОТИВ ИНФЛАЦИЈАТА – Мицкоски: Подобро да платиме политичка цена на краток рок

НЕМА ДА СЕ БРЗА СО МЕРКИ ПРОТИВ ИНФЛАЦИЈАТА – Мицкоски: Подобро да платиме политичка цена на краток рок

Премиерот Христијан Мицкоски не го менува ставот дека нема да се оди со брзи мерки за справување со инфлацијата, иако како партија се свесни дека ќе платат политичка цена за тоа.

„Откако го лоциравме проблемот каде е, свесни сме дека можеби ќе има политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја платат на долг рок“, рече Мицкоски.

Вчера, тој за покачената инфлација обвини дека ако се исклучи храната, најголеми генератори на инфрлацијата се транспортните услуги и генерално услугите во целина.

„Да речеме ресторанските услуги се зголемени за една година околу 24-25 отсто зголемени. Истото важи и за транспортните услуги“, посочи Мицкоски.

Слично

Поврзани вести