Нема да прифатиме распад на Босна, вели Борел
Босна „позагрижувачка од кога било“. Вака состојбата ја оцени шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој изрази загриженост поради „центрифугалните трендови“ во Босна и Херцеговина, еден ден откако босанските Хрвати се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните избори и ќе формираат свој регион во државата.
„Нема да прифатиме распад и распаѓање на Босна“, рече Борел.
На 19 февруари, телото што претставува многу политички партии на босанските Хрвати се закани дека ќе започне да работи на создавање свој регион во Босна доколку не се променат изборните закони за да се зголеми нивната застапеност на национално ниво.
Националните избори се закажани за октомври годинава. Во БиХ постојано се отвора темата за поделба на државата. Република Српска сака да се одвои од БиХ.
Европскиот парламент го осуди „сецесионизмот“ на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик и го повика Европскиот совет да му воведе санкции на лидерот на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и на неговите соработници.
foto freepik.com
