Нема да оди по планот на Трифонов, БАН го разјасни испраќањето на астронаути во вселената
Oткако лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов коментираше дека ќе пратат астронаути во вселената, а заедно со нив како што рече и еден „северномакедонски“, со реакција се јавија од Бугарската академија на науките и уметностите.
Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науките, Георги Желев во изјава за бугарси медиуми кажа дека државата треба прво да стане полноправна членка на Европската вселенска агенција за обука на астронаути, а потоа бугарски граѓани можат да аплицираат за работа.
„Во денешно време, се е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства“, изјави за 24 Часа, Желев.
Рече дека Бугарија е во претпристапниот период за членство во Европската вселенска агенција, кој трае пет години.
Трифонов го задржа статусот победник и по 100 проценти пребројани гласови, но шансите да формира Влада се безмалку еднакви на нула.
