НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ФАЛСИФИКУВА: Нова кована фунта за Британците пред Брегзит
Во Британија добија нова кована фунта на еден ден пред официјалното покренување на Брегзит.
Министерството за финансии објави дека новата кованица ќе биде меѓу најбезбедните во светот. Оттаму велат дека на секои 30 сегашни кованици, една е фалсификувана.
Кованицата не е веќе кружна туку е дванаесеткрака, поголема и полесна од досегашната. Ликот на кралицата Елизабета Втора е втиснат на лицето, а на опачината на кованицата има симболи на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Официјалната агенција за британската валута „Ројал Минт“ треба да искова околу 1,5 милијарди нови монети.
Новите монети постепени ќе се користат во банките и продавниците за период од 6 месеци.
Старата фунта е во оптек повеќе од 3 децении.
Ова е прва нова фунта од 1983 година, а старите монети ќе можат да се користат до 15 октомври.
