Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ЈА СПАСУВАМЕ БАНКАТА НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА - Банкарскиот систем во САД стабилен

НЕМА ДА ЈА СПАСУВАМЕ БАНКАТА НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА - Банкарскиот систем во САД стабилен

Џенет Јелен, министерката за финансии на САД, денеска изјави дека американската федерална влада нема да ја спаси Банката на Силиконската долина (БСВ), која банкротираше во петокот, туку дека работи на помош на инвеститорите кои се загрижени за своите пари во оваа банка.

Во интервју за Си-Би-Ес, Јелен истакна дека оваа ситуација е многу различна од финансиската криза од 2008 година, кога федералната влада ги спаси банките, нагласувајќи дека „нема да го правиме тоа повеќе“, пренесува АП.

Американскиот министер за финансии се обиде да ја смири јавноста, која стравува дека колапсот на БСВ може да произведе домино ефект и да се прелее на други банки во САД.

Американскиот банкарски систем е навистина безбеден, издржлив и има многу капитал“, рече Јелен.


Според неа, колапсот на SVB не е предизвикан од проблемите во технолошкиот сектор, туку од зголемувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви, што предизвика средствата на SVB, како што се обврзниците, да ја загубат својата пазарна вредност.

SVB почна да се лизга кон несолвентност кога нејзините клиенти, главно технолошки компании на кои им треба готовина, почнаа да ги повлекуваат своите средства од банката.

Како резултат на тоа, SVB беше принудена да продава обврзници за да ги покрие своите загуби, што на крајот доведе до најголемиот колапс на американска банка од финансиската криза во 2008 година.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести