Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да има викенд шопинг без ДДВ до крајот на годината, не се знае за следната: Останува само идниот

Нема да има викенд шопинг без ДДВ до крајот на годината, не се знае за следната: Останува само идниот

Викендот што следува ќе биде викенд без ДДВ и ќе е единствениот ваков до крајот на годината, потврди синоќа министерот за финансии Фатмир Бесими. не се знае ниту како ќе биде следната година, односно колку вакви денови може да се очекуваат. 

Владата ги донесе законските измени со кои во деновиуте од следниот викенд за купеното до најмногу 30.000 денари државата на граѓаните ќе им го врати сиот платен Данок на додаденавредност. Тие треба да купуваат македонски производи или да добиваат услуги од домашни субјекти, или пак да купат било каква компјутерска опрема (компјутер, таблет).

„Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10,11 и 12 октомври 2020 година, стои во соопштението од Владата.

Сепак измените треба да поминат и на собрание, а дали ќе се стигне до петок останува да се види.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.


Слично

Поврзани вести