Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои сакаат да oдмораат во Албанија

Нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои сакаат да oдмораат во Албанија

Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија. 

Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови на оние кои годинава сакаат да oдмораат во Албанија. Влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку лани. На туристите нема да им биде потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, пренесува „Албаниан дејли њуз“. Како што вели Рама, резервациите за летни одмори во Албанија постојано се зголемуваат.  Албанија сака да стигне до милион вакцинирани граѓани. Во пресрет на летната сезона земјите ги прецизираат правилата за патување. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести