Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Нема да го уриваме СКОПЈЕ 2014, ќе гледаме како се трошени парите

Жерновски: Нема да го уриваме СКОПЈЕ 2014, ќе гледаме како се трошени парите
Андреј Жерновски на стартот на митингот на СДСМ на плоштадот Македонија порача: Прочитајте што велат светските медиуми , велат дека во Македонија владее режимот на Груевски, се затвораат политички лидери и медиуми кои размислуваат поинаку од власта. Затоа ние се здруживме , затоа овој сојуз ќе биде единствената опција за Македонија. Ова особено важи за општина Центар која веќе 13 години е во канџите на ВМРО ДПМНЕ. Токму во Центар е сконцентрирана идеологијата на Груевски и затоа победата наша ќе почне оттука . Погледнете како цел свет ни се смее за Скопје 2014 , како го нарекуваат Дизниленд, пералница на пари, проект за кој во светски медиуми пишува дека се потрошени и милијарда евра. Каде во светот се садат 3 дрвца кои чина четврт милион евра и на крај едно од нив наречно Надеж се исуши. Ова мора да се смени. Ние нема да рушиме споменици ако дојдеме на власт, но за секој споменик ќе ги прашаме граѓаните што мислат, ама ќе направиме и анализа како се потрошени, каде се потрошени парите за овој проект.
Слично

Поврзани вести