Нема да го менуваме Косово за Донбас, вели рускиот амбасадор
Нема и не може да има било какво менување, вели рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко.
Тој за српските медиуми ги коментирал прогнозите на аналитичарите дека Москва ќе го менува Косово за Донбас и вели дека тие прогнози не се точни.
„Се залагаме за постигнување на одржливо и заемно прифатливо решение од Белград и Приштина“, додава тој.
Русија претходно во однос на припојувањето на украинските територии се повикуваше на случајот со Косово.
Слично
