Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА ГИ ОСТАВИМЕ СОСЕДИТЕ ГЛАДНИ: Вучиќ вели дека ќе има пченица доволно за сите-Србија ќе биде отворена

НЕМА ДА ГИ ОСТАВИМЕ СОСЕДИТЕ ГЛАДНИ: Вучиќ вели дека ќе има пченица доволно за сите-Србија ќе биде отворена

„Ако кажете - Србија ќе има леб, а Босна и Херцеговина нема, тоа значи дека ни Србија нема да има, затоа е бесмислено“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Дневни аваз“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во ексклузивен разговор зборуваше за кризата во Украина, но и за тоа дали Србија ќе го забрани извозот на пченица во земјите од регионот, дали Балканот очекува нова економска криза и колку е важна соработката и довербата.

  - Секако дека имаме доволни количества пченица за Србија, и повеќе од доволно, но бесмислено е да се каже дека нешто ни е доволно, а луѓето од соседството го немаат. Во тој поглед Србија ќе биде отворена. Веќе ги добивме првите барања од Албанија и работиме на нив. Но, ако кажете дека Србија ќе има леб, а Босна и Херцеговина нема да има, тоа значи дека и Србија ќе нема. Значи тоа е бесмислено. Ќе имаме доволно и едни и други. Луѓето треба да знаат, што и да кажат за мене, што и да кажат за Србија, сосема е сигурно дека Босна и Херцеговина сигурно ќе добие дел од количината на пченица, во тоа нема дилема. Важно е да разговараме – рече Вучиќ.

Слично

Поврзани вести