НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО: Воведуваат квоти за работници надвор од ЕУ
Франција ќе воведе квоти за работници од земјите кои се надвор од Европската Унија.
Ова го соопшти министерката за труд, Мјуриел Пенико.
Таа објасни дека детали за квотите ќе има дури во текот на летото.
Приоритет им е да ги вратат Французите на пазарот на труд, но ќе се утврдат квоти за дефицитарни занимања.
Ќе се бираат луѓето зависно од нивните квалификации и знаења, прво да се вработат Французите, а дури потоа мигрантите.
фото ЕПА
Слично
