Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ДА БИДЕ ГУВЕРНЕР - Бугарското народно Собрание ја одби кандидатурата на Љубомир Каримански за прв човек на централната банка

НЕМА ДА БИДЕ ГУВЕРНЕР - Бугарското народно Собрание ја одби кандидатурата на Љубомир Каримански за прв човек на централната банка

Пратениците на бугарското народно Собрание ја отфрлија кандидатурата на Лубомир Каримански за нов гувернер на Бугарската народна банка (БНБ), јави дописникот на МИА од Софија.

И покрај нискиот праг потребен за одобрување на кандидатурата, поточно само 69 гласа, Каримански не успеа да ги обезбеди и нив.

Против неговата кандидатура во неделата се изјасни владејачката партија „Промените продолжуваат“, која имаше свој кандидат Андреј Ѓуров.

За кандидатурата на Каримански гласаа 58 пратеници од ИТН и ДПС, од вкупно 240 пратеници во парламентот. Останатите политички партии беа против.

Од опозициската партија ГЕРБ побараа прегласување бидејќи намерно не гласаа првиот пат. Меѓутоа, во второто гласање предлогот не беше прифатен.

Слично

Поврзани вести