Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во училиштата бараат пари од родителите за набавка на компјутери и венецијанери?!

Во училиштата бараат пари од родителите за набавка на компјутери и венецијанери?!
Последната родителска средба ги револтираше родителите чии деца учат во основното училиште Круме Кепески, во населбата Кисела Вода. Причината за револтот е затоа што, како што велат од нив било побарано, да финансираат набавка на компјутери и венецијанери за прозорите. Според тврдењата на родителите, кои сакаат да останат анонимни за да ги заштитат своите деца, на родителската средба им било објаснето, дека во дел од класовите децата немаат компјутери, а во програмата се предвидени два часа по информатика. Со оглед дека наставниците немаат како да ја држат наставата, од родителите било побарано да платат по 2.000 денари за да се набават стари, односно веќе користени  компјутери. „Ни рекоа, дека има некој кој сака да ги продаде компјутерите, биле стари, па да платиме по 2.000 денари, за да ги набавиме. Но, ако немаме пари, тогаш ни предложија да донесеме од дома или од работа компјутер за да може да учат нашите деца. Ова е срамота, од каде да им ги најдам тие пари?“, вели еден од родителите кој присуствувал на средбата. Нели ќе имаше компјутер за секое дете? Дополнително, револтирани родители прашуваат, зошто владата секаде се фали дека образованието е бесплатно, кога од родителите се бара да финансиираат се што треба да има едно училиште. „Нели ќе имаше компјутер за секое дете? Каде се комјутерите, таблетите? Зошто сега ние треба да плаќаме?  И ако веќе плаќаме, тогаш нека не се фалат насекаде дека се обезбедени бесплатни компјутери и таблети за децата. Нека не кажуваат дека образованието е беспалтно. Сега уште фали и да побаараат и пари за да ги направат тоалетите во училиштето, кои ионака се во катастрофална состојба“ вели еден од родителите чие дете учи во Круме Кепевски. Дополнително, на средбата од родителите биле побарани уште по 500 денари, пари со кои во целото училиште на прозорците ќе се стават венецијани. Кога родителите бурно изреагирале, сепак им било посочено дека станува збор само за предлог. „Откако изреагиравме, тогаш ни рекоа дека е само предлог, а не е  задолжително. Но, објаснија дека би било убаво да го прифатиме овој нивни предлог, бидејќи сега во училниците има завеси, кои се различни, па најдобро било  да се унифицираат со венецијанки. Но, исто така ни објаснија дека училиштето нема пари за тоа, па добро е да се направи со помош на родителите. Впрочем, ни кажаа и дека реновирањето што сега го прават на дел од објектот е со донација, објаснува еден од родителите и додава дека тие, како родители немаат пари да го финансираме реновирањето на училиштето, и дека за тоа општината треба да се грижи. Зошто да плаќаат родителите? Родителите бараат објаснување од надлежните зошто се изложени на вакви трошоци. „Зошто ние да даваме, пари за реновирање? Нели образованието е  задолжително и бесплатно. Нели Владата секаде објаснува така. И прашање е зошто тогаш ние плаќаме даноци на државата. Нели е тоа за подобри училшта, болници, инфраструктура? Зошто, ако веќе ги плќаме тие даноци, сега ни барата и дополнителни пари за еновирања на училиштата,“ прашува еден од родителите. Уште еден проблем кој ги мачи родителите од училиштето Круме Кепески,  е набавката на храна за децата. Родителите добиле договори што требало да ги потпишат со добавувачот на храна за децата. Но, во договорите пишувало дека добавувачот може да ја зголеми месечната цена за хранарина, ако цените на храната во меѓувреме поскапат. Родителите одбиле да ги потпишат договорите, и ги вратиле назад. „Сега плаќаме по 2.100 денари, но уште на почетокот на учебната година се прошири информација дека најверојатно цената ќе се зголеми на 2.600 денари. Ние ги одбивме договорите, и ако треба нема ни да ги потпишеме. Но, проблем е што сега ни забрануваат и тоа да го направиме, бидејќи така ќе сме ги отпишеле децата од целодневна, и ќе се променел целиот систем на настава“, додава еден од родителите. Директорката негира дека се барале пари за компјутери Директорката негира. За компјутери не се барале пари, а за набавка на венецијани било предлог на родителите Директорката на училиштето Круме Кепески, демантира дека на родителите им биле барани пари за компјутери. „Такво нешто не се случило, тоа е глупост и не се побарани пари за тоа од родителите, вели Павлина Трипуновска, директор во Круме Кепески. Трипуновска додава дека учениците од прво до трето одделение имале мали лап топ компјутери, и дека немале потреба да бараат пари од родителите за оваа намена. Но, исто така, објаснува и дека еден од родителите, им понудил стари компјутери кои во фирмата каде работел ги фрлале, па затоа ги понудил на училиштето, а професорката по информатика во училиштетото можела да ги поправи за да ги користат децата, така што, вели Триупуновска, пари не се барале од родителите. „Ако некој им барал пари, нека го пријават, за да видиме за што станува збор“, вели Трипуновска. Во однос на парите што се барале за венцијанки за прозорите во училниците, Трипуновска, вели дека тоа било иницијатива на една од родителките во училиштето, но дека таа инцијатива се уште не е прифатена и дека за неа ќе се разговара во вторник на Советот на родители. „Ако јас се прашувам, 500 денари е многу да се одвојуваат за венецијанки, и одлуката на училиштето е да останат старите завеси со алки на прозорите, вели Трипуновска, но додава дека за тоа одлучуваат родителите. Во однос на цената за хранарината, директорката Трипуновска објаснува дека договорот со фирмата Атриум Ди-Мил го склучила општина Кисела Вода минатат година, и дека тој договор си продолжува и годинава. „Фирмата лани не ги зголеми цените, не верувам дека ниту сега ќе ги зголеми, вели Трипуновска. Сопственици на фирмата Атриум Ди-Мил се Сашо Сенков и Елизабета Бабунска, со кои засега не успеавме да стапиме во контакт. На поплаките на родителите дека не можеле да ги отпишат децата ниту од земање храна, ниту од целодневната настава,  Трипуновска вели дека тоа може слободно да го направат и дека тие ќе ја услогласат наставата спред бројт на деца што се во класична настава или во целодневна. „Ние во мај ги прашуваме дали сакаат класична или целодневна настава, но им излегуваме во пресрет ако подоцна се премислат. И сега ако се премислат ќе ја услогасиме наставата според потребите“, вели Трипуновска. Н.С.
Слично

Поврзани вести