Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нелојалната конкуренција најголем проблем на концесионерите на минерални суровини

Нелојалната конкуренција најголем проблем на концесионерите на минерални суровини
Со повеќе инспектори и и посилни контроли ќе се намалува  нелојалната конкуренција во ископувањето минерална руда. Ваквите мерки ги најави министерот за економија Ваљон Сарачини како дел од проектот „Отворено со бизнисот“ при што се сретна со концесионерите на минерални суровини кои се пожалиле дека нелојалната конкуренција им е најголем проблем. Сарачини пак најавил дека покрај инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција, контроли ќе прават и останатите инспекциски служби во државата како трудовата инспекција и УЈП. Покрај зајакнатите контроли, Сарачини потсети дека до 10 декември е крајниот рок за уплаќање на концесискиот надоместок. Од концесиските надоместоци, 78 отсто одат во буџетот на општината каде се наоѓа локалитетот, а 22 отсто се слева во државната каса. За време на средбата во министерството за економија , концесионерите на минерални суровиниги на средбата ги претставиле тековните активности, а се информирале и за електронското аплицирање за концесии.
Слично

Поврзани вести