Неликвидноста во бизниот се враќа, фирмите „пливаат“ во проблеми
Повеќе од очигледно е дека политичката криза која е во ќорсокак, се одразува на бизнисот.
Фирмите се повеќе се соочуваат со неликвидност и проблеми во наплата на побарувањата.
Бизнисмените укажуваат на сериозноста на овој проблем и од порано, но во екот на моменталната состојба, неможноста за наплата на долговите од други фирми или од државата ескалира.
Во синоќешната емисија Тренд на 24 вести, претставниците од Стпанските комори во земјава посочија дека оние компании кои имаат повеќе деловни партнери имаат најголеми проблеми.
Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската Комора на Македонија оцени дека кај македонските компании е нарушена ликвидноста.
Повикувајќи се на добиените резултати од анкетирани фирми, Пеева Ѓуриќ соопшти за податок од 45 проценти од нив позитивно се изјасниле дека имаат проблеми со ликвидноста.
Секоја втора фирма во Македонија со блокирана сметка
Во месец февруари 122.502 физички и правни лица биле со блокирани сметки, покажуваат податоците на Народна банка.
Граѓаните најчесто се соочуваат со блокирани сметки, поради ненавремено плаќање на сметки, РДТ и рати за кредити. Во споредба со истиот месец лани, вкупниот бројот на граѓани и компании кои се блокирани е поголем за скоро 23 000 ново блокирани сметки. Ако се анализира бројките на месечно ниво има намалување, но споредбено со крајот на минатата година, или за два месеци листата со вкупен број на блокирани депоненти се проширала за скоро 1000 ново блокирани физички и правни лица.
Во исто време во февруари бројот на блокирани сметки што ги поседуваат граѓаните и компаниите изнесувал скоро 260.000, од кои скоро 70.000 се блокирани сметки на фирми, а останатите над 182.000 се блокирани сметки на граѓаните. Споредбено со истиот месец од 2015 година, бројот на блокирани сметки е зголемен за околу над 41 илјада ново блокирани сметки.
Според новите законските измени, извршителот нема да може да блокира сметка без прретходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Измените треба да ги заштитат ранливите категории на граѓани, а се предвидува и вонсудска наплата на долговите, како и скратување на рокот на продажба на недвижностите.
