Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нели Беширова: На Енекод не му е дозволено да стане сопственик на Фени

Нели Беширова: На Енекод не му е дозволено да стане сопственик на Фени

Александар Џамбазовски, претставник на доверителите на Фени во „Отворено“ на ТВ 24 рече дека Енекод доставил две писмени понуди, првата веднаш ја одбиле и втората била пред финалната одлука на судот за започнување стечајна постапка. 

„Прво беше понудено 3 милиони евра кон доверителите без обезбедена гаранција. Втората понуда беше подобра, но условот за плаќање на вработените не беше исполнет иако Енекод се претставуваше како сопственик на Фени“ - рече тој. 

Џамбазовски појасни дека разговарале со неколку сериозни инвеститори кои покажале интерес, а не само со швајцарскиот фонд и дека сите имаа исти предуслови, односно да се покаже голема сериозност во процесот на реорганизација и да докаже дека има доволно средства. 

Нели Беширова од Енекод, вели дека на Енекод намерно не му било дозволено да стане сопственик на Фени. 

„27 минути откако влезе во компанијата веднаш беше проверен и се блокираше целата постапка. Затоа и кога не можеме да бидеме ефективни сопственици на Фени не можеме и немаме правна основа да исплатиме плати што е неразумен услов“- вели таа. 

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека ваков стечај не значи останување без работа. 

„Јас сум дете на стечајни работници и никој не сакам тоа да го почуствува на своја кожа бидејќи многу добро знам како е да се пројде низ тоа. Затоа стечајната постапка на Фени ќе биде сосема различна од тоа што досега се решавало во Македонија. Законот овозможи вработените да останат да работа, да земаат плата, а еднакви услови имаат сите инвеститори со тоа што ќе депонираат средства и ќе обезбедат иднина“ - изјави Анѓушев. 

Тој вели дека од Фени зависи цел регион. 

Слично

Поврзани вести