Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нелегалниот балкон од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ ќе се руши?

Нелегалниот балкон од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ ќе се руши?

Во синоќешната емисија на Топ Тема која се емитува на телевизија Телма, градоначалникот на општина Центар изјави дека наскоро ќе биде донесена одлука за уривање на, како што тврди нелегалниот и незаконски поставен балкон на новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ .

Тој потенцираше дека и втората контрола на општина Центар покажала дека балконот од зградата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје  е нелегален, при тоа истакнувајќи дека не се работи за политички реваншизам туку за спроведување на закон.

На почетокот на септември секторот за инспекциски работи на општина Центар констатираше дека балконот од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ не бил внесен во урбаната опрема, а сепак е изграден и пуштен во употреба.

По инспекцискиот надзор на објектот, раководителот на секторот Кочо Стојчески тогаш рече дека иако деловниот простор на градбата е веќе пуштен во употреба, за балконот е дадено противуправно одобрение од Град Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека постапката за изградба на обејктот е целосно транспарентна.

,,Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи. Врз основа на закон за настрешницата град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија.“ – се вели во нивното соопштение.

Слично

Поврзани вести