Нелегална е продажбата на косовскиот Телеком, реакција на српските власти
Како што денеска соопшти српската владина канцеларија за Косово и Метохија, продажбата на 75 проценти од акциите на „Телеком Косова“ од страна на косовските власти го крши правото на државна сопственост на Србија и правото на приватна сопственост на другите акционери.
Според српската канцеларија, поголемиот дел од акциите на косовското акционерско друштво се во владение на српската држава или на останатите помали акционери. Истоврено, посочуваат оттаму, сите објекти што ги користи „Телеком Косова“ се сопственост на Телеком Србија, а продажбата е извршена без согласност на сопствениците.
Инаку вчера косовската Влада ја одобри продажбата на поголем дел од акциите на Телекомот, а како купец се јави германско-американски конзорциум.
