Неколку ризици ја очекуваат светската економија во 2022 година
Има пет ризици за светската економија во 2022 година.
Првиот ризик е омикрон и новите одлуки за затворање бизниси. Некои земји веќе разговараат за воведување мерки од 1 или 3 јануари 2022 година.
Многу европски земји, особено Франција, почнаа да зборуваат за враќање на работа од далечина два или три дена во неделата. Меѓутоа, во случај на затворање на училиштата и строги одлуки за карантин, ова повторно значи губење на приход во услужниот сектор ширум светот, ризик што сериозно ќе ги ограничи економиите на земјите, растот, вработувањето и јавните финансии.
Вториот критичен ризик е оној на високата глобална инфлација, која се очекува да продолжи до средината на пролетта следната година. Се јавува третиот важен ризик за 2022 година: стагфлација (термин од макроекономијата, кој се однесува на состојба на економијата која се карактеризира со низок економски раст, зголемена инфлација и зголемена невработеност).
Четвртиот критичен ризик може да дојде од Кина и Русија. Најкритичниот проблем е неподготвеноста на Кина, како најважен снабдувач во светската трговија, да дистрибуира суровини, ретки метали, полупроизводи и крајни производи за да ги задоволи потребите на светската економија и нејзиното „губење апетит“ за задоволување на туѓите потреби.
Од друга страна, поради можните чекори што Русија може да ги преземе во однос на Украина, тензиите што ќе се зголемат меѓу Русија и Европската унија и меѓу Русија и САД, несомнено ќе се одразат на регионалната и светската трговија, како и на светската економијата во целина.
Петтиот ризик е фискалната политика на земјите. Во 2022 година, многу водечки земји мора да ги намалат буџетските дефицити и да го забават растот на јавниот долг. Тоа ќе влијае на растот, вработувањето и можностите за јавна социјална поддршка на државите.
