Неколку мажи силувале Британка во Грција
Група мажи силувале Британка во хотел на островот Родос во Грција.
Се споменува дека групата броела пет до осум мажи. Жената (31) рекла дека таа и нејзините пријатели ги запознале мажите од Белгија во ноќен клуб во приморското одморалиште Фалираки. Кажала дека мажите на возраст меѓу 30 и 35 години потоа ја однеле неа и нејзините пријатели во нивната хотелска соба во Фалираки. Британката ѝ рекла на полицијата дека имала секс со еден од мажите на балконот од хотелот и во собата, пишува локалниот весник „Димократики“. Жената тврдела дека група мажи потоа ја нападнале и групно ја силувале. На полицијата ѝ рекла дека побегнала од хотелот и со такси се вратила до местото каде што престојувала. Полицијата уапси четворица Белгијци, на возраст од 31, 31, 32 и 35 години. Британката ги идентификувала сите четворица мажи како нејзини наводни силувачи. Инспекторите зеле примероци на ДНК од четворицата мажи. По другите осомничени има потрага.
