Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку лица во Србија ја каменувале екипата на БНТ

Неколку лица во Србија ја каменувале екипата на БНТ

Екипа за истражувачко новинарство на БНТ била нападната во Србија, изјавилa водителката на емисијата Богдана Лазарова, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Нападот се случил во периодот од 14.30 до 15.00 часот на државниот пат пред рудникот Подвирове во село Караманица, Босилеградско.

Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот,  ги запрел минибус. Тимот и еко-активистите излегле од автомобилите и тргнале кон влезот на рудникот. Околу 6-7 лица ги каменувале.

Еден од камењата удрил во камерата. На едно лице му удриле тупаница, а на друго му ја искинале облеката.  Тие контактирале со бугарската амбасада во Белград и со генералниот конзул, а тимот поднел жалба до босилеградската полиција. 

Слично

Поврзани вести