Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ТЕРОРИСТИ ВО БИХ:Безбедносните служби во паника

НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ТЕРОРИСТИ ВО БИХ:Безбедносните служби во паника

Безбедносните служби во БИХ регистрирале неколку илјади луѓе, кои се поврзани со радикалниот ислам и можат да предизвикаат терористички напади.

Ова го тврди директорот на полициската управа на Република Српска, Гојко Васиќ за Независне новине од Бања Лука.

Тој вели дека повеќето од овие луѓе престојуваат во БИХ, а во Република Српска бројот е помал и тоа ја отежнува ситуацијата. Васиќ додава дека поради законските регулативи и немање размена на податоци, борбата со тероризмот е отежната.

„Терористите ги користат законските ограничувања кои ние самите ги направивме. Можноста за брза и квалитетна размена на податоци е отежната поради Законот за заштита на лини податоци“-рече Васиќ.

Тој објаснува дека имаат многу малку податоци за децата на нивните граѓани кои живеат во странство. Тие живеат во странство, но имаат документи од БИХ и можат да бидат врбувани за војување, а ако се вратат државата нема да може да ги држи под контрола.

Васиќ вели дека во БИХ има многу изолирани подрачја, каде може да се прават обуки за терористи и каде дури и пукање нема да се слушне.

Слично

Поврзани вести