Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку илјади луѓе се собраа на денешните протести во Бања Лука

Неколку илјади луѓе се собраа на денешните протести во Бања Лука

Неколку илјади луѓе се собраа на денешните протести во Бања Лука, пренесе македонската служба на Радио Слободна Европа.

Организиран од опозицијата, протестот "Да ја ослободиме Српска" се одржува на паркот "Младен Стојановиќ". На не повеќе од еден километар, во центарот на градот, на плоштадот "Краина" се одржува митингот "Со срце за Српска - Стоп за предавството", како одговорна владејачката коалиција.

На протестот на опозицијата има поголемо присуство на полиција. Издигнати се плакати со натписи "Долу предавниците" и "Ние сме гладни".

Со години наназад во главниот град на Република Српска немало такви мерки за безбедност.

Слично

Поврзани вести