Екс премиерот и избеглица Никола Груевски повремено се огласува на социјалните мрежи за различни теми поврзани со развојот на Македонија. Последното негово огласување на социјалните мрежи е поврзано со нова критика за опозициската СДСМ, и за Законот за враќање на ОКТА во државна сопственост.
Според него, овој план, не само што ќе спречел наплата на арбитража, истовремно ќе овозможи и работа за нашите сограѓани.
- ЗОШТО СДСМ НЕ ГО ИСКОРИСТИ ПОДГОТВЕНИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ ЈА ВРАТЕШЕ РАФИНЕРИЈАТА ОКТА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И ЌЕ СПРЕЧЕШЕ АРБИТРАЖНИ ШТЕТИ, И НАМЕСТО ТОА ДАДЕ ДОЗВОЛА НАФТОВОДОТ ДА СТАНЕ ПРОДУКТОВОД СО ШТО ОВОЗМОЖИ НОВ, ОВОЈ ПАТ ДЕ ФАКТО ТРГОВСКИ МОНОПОЛ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ОКТА?
Деновиве после 13 години почна со работа некогаш наречениот нафтовод, а денес наречен продуктовод, од Солун до Скопје.
Има голема причина зошто тој не работеше и зошто не не му се издавање дозвола за продуктовод - посочува Груевски во својата објава.
Тој укажува дека со продажбата на рафинеријата ОКТА во 1999 година, идејата беше рафинеријата да се модернизира и да работи профитабилно, а македонскиот пазар да биде стабилно снабдуван од истата.
Додава дека во рафинеријата имаше голем број вработени наши сограѓани, а исто така голем број фирми од Македонија добиваа работа од нејзиното работење.
- За попродуктивно работење рафинеријата која премина во сопственост на грчката Хеленик Петролеум доби дозвола за изградба на систем за пренос на сурова нафта односно на цевковод од Солун до Скопје, направен со цел да се обезбеди евтин и брз пренос на сурова нафта како суровина која требаше во рафинеријата да се преработи во готово нафтени деривати.
Сепак новиот грчки сопственик постепено рафинеријата во Скопје наместо кон модернизација ја носеше кон затворање што и се случи во периодот 2011 година кога веќе престанаа со работа, а во 2012 година веќе немаше никакво производство.
Оттогаш па наваму, тие повремено вадат функционални делови од оваа рафинерија и ги носат во други нивни рафинерии по потреба, или ги продаваат, како на пример филтерот кој беше продаден, но и други делови, скопската рафинерија се претвори во куп старо железо, а работниците беа отпуштени - нагласува поранешниот премиер.
Додава дека грчкиот сопственик на ОКТА уште во тоа време побара дозвола нафтоводот да стане, односно административно да се трансформира во продуктовод, односно наместо сурова нафта за преработка во скопска рафинерија, да пренесува готови продукти (производи) веќе преработени/рафинирани во грчка рафинерија или директно такви рафинирани донесени со брод во пристаништето во Солун.
- Нормално, тоа не и се допадна на македонската влада која ја предводев, тоа го гледавме како еден вид изигрување, и не дозволувавме таква трансформација, баравме рафинеријата да се модернизира и врати во функција и така остана сѐ до доаѓањето на владата на Заев. Ние работевме на друга стратегија, но за тоа подолу.
Преставниците на сопственикот на ОКТА многу сериозно се обидуваа на сите можни начини да ја одоброволат владата која ја предводев да даде согласност, повторувам - на сите можни начини, но ние тоа го одбивавме од неколку причини:
1. Настојувавме грчкиот сопственик да инвестира во рафинеријата, да ја модернизира, да ја врати во функција и да ги врати некогаш вработените или доколку тие не сакаат или не можат, нивна замена. На тој начин додадената вредност на производот ќе се случеше во Македонија, тоа ќе влијаеше на БДП на државата, ќе имавме функционална рафинерија во земјата со евтино транспортирана суровина од пристаништето во Солун, експери за функционирање на истата, вработени во неа, и можен извоз од истата, а секако и значајна супституција на увозот на нафтени деривати.
Погледнете само какви напори прави владата во Србија за да ги задржат функционални нивните производни капацитети на нафтени деривати, па ќе ви стане појасно колку е значајно тоа прашање. Зар мислите дека тие не знаат да увезуваат нафтени деривати? Знаат, но ги знаат и предностите на производство на истата во земјата - укажува Груевски.
Тој додава „Имавме ангажирано врвни консултанти со кои подготвуваме "стапица" за грчкиот инвеститор кој со договорот имаше добиено голема и нелогично привилегија со која Македонија беше обврзана секоја година во период од 20 години да купува по 500 илјади тони мазут кој нема каде да ги употреби“.
- Планот беше да им понудиме да го купиме по договорорените цени со кои тие би биле во голема загуба, но ако сепак ни продадеа мазут, имавме обезбедено купувач на истиот веднаш. Така ќе им ги срушевме и постојаните тужби по таа основа, а тоа ќе беше и основ за раскинување на договорот.
Исто така имавме обезбедено и купувач за рафинеријата кој би ја вратил во функција, и веќе преговаравме со вистинскиот мнозински сопственик во тоа време Спирос Лацис кој живее во Швајцарија, а е со грчко потекло. Кај него на средба како владин преставник замина заменик министерот за економија Христијан Делев, и имаа начелно разговори за цената. Пренесовме дека најден е потенцијален купувач кој би ја купи за 70 милиони евра, а потоа би инвестирал во нејзина модернизација и ставање во функција. Лацис бараше двојно, 140 милиони евра, во тоа време за неговиот мнозински удел.
За овие операции нашиот консултант со нашите служби и две адвокатски куќи од Македонија беа потдготволе и специјален закон со намера во даден момент да го предложиме на парламентот, кој го оставивме подготвен и готов на новата марионетска власт на СДСМ, која и покрај огромниот интерес за Македонија, го игнорираше и тргна во правец на практично поклонување можност на Хеленик Петролеум, наместо производител да стане привелегиран трговец во Македонија со речиси монополска позиција - нагласува поранешниот премиер.
Потоа дополни дека законот кој го подготвиле со кој требаше целиот процес да започне во правец наместо Македонија да плаќа арбитражни пресуди конечно да добие надомест и да ја врати рафинеријата, беше отфрлен од власта на СДСМ во 2017 година и владата наместо победник беше губитник во арбитражата.
- Наместо да го продолжи овој процес СДСМ и Заев направија хајка против сите инволвирани во овој процес, двете адвокатски куќи и заменик министерот Христијан Делев ги викаа на распит, и го раскинаа договорот со адвокатските куќи.
Можеби некој треба да се запраша зошто владата на Заев одби процес каде Македонија ќе добиеше повеќе од 400 милиони евра оштета?
Вистинска штета е што политичката криза и предвремените избори не стопираа во овие планови и намери, за потоа, како што кажав новата власт д ги отфрли и да тргне по друг пат кој го опишав како заврши - дополни тој.
Потоа укажа дека давањето дозвола за користење на цевката за пренос, наменета за пренос на сурова нафта како суровина, за готови нафтени производи, односно готов производ, значи ценовно фаворизирање на една странска компанија како трговец на пазарот во однос на другите. Во услови кога домашната рафинерија не функционира, сопственикот на ОКТА, веќе е само еден од многуте можни трговци на готов нафтен производ. Сега, сите други можни трговци се ставени во понеповолна и не рамноправна положба.
- За да разбереме колку секоја држава си го штити пазарот од други, обидете се како трговец да донесете готов нафтен производ на пристаништето во Солун. Нема да успеете. Грчката држава согласно европските закони не забранува такво нешто, но сите капацитети на солунското пристаниште се "закупени" главно од нивната национална компанија.
4. Додека немаа дозвола за транспорт на готов нафтен производ, транспортот на готовите нафтени производи се одвиваше со камиони. Десетици македонски компании за превоз и илјадници вработени заработуваа и живееја од тоа. Сега тоа веќе нема да го има. Секако, тоа не е компензација на тоа што рафинеријата не работи, но барем сеуште нешто малку остануваше за македонските компании кои очигледно беа поевтини од грчките па затоа беа ангажирани.
Како и да е, владата предводена од Заев без размислување се откажа од сите тие планови и експресно се помири со тоа Хеленик Петролњум како сопственик на ОКТА од намерата да биде производител на нафтени деривати, трајни да биде само трговец и тоа привилегиран трговец, кој единствено и ексклузивно во Македонија има цевковод за пренос на готовиот нафтен производ или од грчките рафинерии или од пристаништето во Солун каде Хеленик Петеолеум увезува сурова нафта и по потреба готови односно преработени нафтени производи односно нафтени деривати.
Што може сега државата да направи во една ваква ситуација?
Може да изгради нова мини рафинерија која ќе ги задоволи потребите на Македонија, Јужна Србија и Косово. Или некоја приватна компанија да го направи тоа, со или без субвенција, но и државата да помогне да се изгради нафтовод до пристаниште во друга соседна држава, за да има еднакви услови за работа - објаснува Груевски.
Еве го неговото објаснување:
Тоа секако е значајна инвестиција, а во денешно време не е едноставно да се управува рафинерија која не е изградена во непосредна близина на пристаниште кое може да прифаќа танкери со сурова нафта како суровина, но доколку има систем за пренос на нафта и нафтени деривати, тогаш инвестицијата добива друга позитивна смисла. Нафтоводот/продуктоводот добро е да биде 100% државен за да овозможи на повеќе потенцијални увозници и извозници да го користат, односно да не биде монопол на една фирма, како во случајот со Хеленик Петролеум.
Национализација на рафинеријата ОКТА би бил политички скандал со посериозни политички последици за земјата и не се исплати за застарената опрема на ОКТА која сега главно може да се користи како старо железо.
Значи, ако се гради, треба да е нова рафинерија и на нова локација.
Втората варијанта е да се изградат цевководи за готови нафтени продукти со уште најмалку две или со три држави за да се создаде поголема конкуренција на пазарот, и сити така да се државни за да се овозможи сите заинтересирани да го користат а не да се монопол.
На пример цевковод до Софија, која веќе е поврзана со систем за пренос на нафтени деривати до Бургас. Растојанието е долго и ќе треба повеќе години за да се исплати. Сепак долгорочно ќе е корисно. Но цевковод до Србија која сега ќе се поврзе и со Унгарија, и каде ќе може да се увезува но и извезува, и цевковод до Косово заради трговски операции е апсолутно брзо исплатливо. Слично како со Бугарија, со Албанија исто така, е поголемо растојание, но на долг рок е исплатливо.
За тоа треба договор со сите три држави, но бидејки тоа ќе биде и во нивни интерес, тие сигурно ќе прифатат.
Во последните недели и месеци сведоци сме на светската политичка сцена, што големите сили се подготвени да направат за да обезбедат добри позиции за нивната држава во делот на нафтата и пазарот на нафтата.
Ако приватизацијата на ОКТА беше проблематично прашање и обезбеди монопол на една странска фирма и одредени загуби за Макеоднија, со не донесувањето на специјалниот закон за кој пишував погоре и со тоа одбегнување да се платат нови арбитражни казни и отворање можност да се врати рафинеријата во сопственост на државата и да се модернизира и стави во функција се направи нова голема штета.
Кратко кажано, СДСМ наместо да спречи, поединци таму си направија приватна “зделка”, која секако доколку сакавме така не одговорно да се однесувавме кон државните економски интереси, можевме и ние. Дефакто останавме без рафинерија, и со монопол во увозот на нафтени деривати. Обвинителството ако одлучи да се занимава со ова прашање, со причината зошто целата постапка од СДСМ е прекината, има има многу работа и матерјал.
Вака како што стои сега, од еден монопол како сопственик на производител-нафтена рафинерија, истиот инвеститор чиј главна цел очигледно беше да го превземе пазарот за нафта во Македонија, стана речиси целосен монопол во трговијата со нафтени деривати во Македонија, можеби за следните 30-40 години, доколку евентуален влез во ЕУ со антимонополската закони таму не го раздвижи ова прашање, и доколку не се превземе ништо од страна на државата во смисла или на изградба на уште една нова рафинерија со цевковод за пренос на сурова нафта или барем изградба на преносни системи - продуктоводи до другите околни земји заради овозможување конкурентен увоз но и трговија со нафтени деривати.