Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некој празнуваше, некој протестираше!

Некој празнуваше, некој протестираше!

Денеска во Берово неколку деца и возрасни од улицата Маршал Тито излегоа на протест, јавува Телевизија стар.

Причината за истиот е поставувањето на базна станица од мобилен оператор која жителите не ја посакуваат во нивното соседство.

Тие не веруваат дека мерењата на зрачењето спроведено од надлежните институции се точни и според нив, на базната станица не и е местото меѓу куќите.

Овој протест на граѓаните од оваа улица ќе продолжи се додека антената не биде демонтирана а градоначалникот на општина Берово Драги Наџински истакнал дека направените мерења за зрачењето на базните станици се многу пониски од дозволените според европските стандарди и Општината повеќе нема правна основа да не го одобри барањето на инвеститорот за поставување базна станица, пишуваат од Телевизија стар.

Не се наведува за кој мобилен оператор и неговата базна станица станува збор.

(Извор:Телевизија.стар)

Слично

Поврзани вести