НЕКОЈ ГРАДИ ЅИД, НЕКОЈ ОТВАРА ВРАТА: Финскиот премиер им ја нуди куќата на азилантите!
Финскиот премиер Јуха Сипила изјавил дека ќе им ја понуди својата куќа на азилантите.
Сипила истакнал дека куќата во местото Кемпеле на северот од Финска азилантите би можеле да ја користат од почетокот на наредната година, пренеса српски медиуми повикувајќи се на извори од Ројтерес.
Тој ги повика Финците да искажат солидарност со бегалците кои стигаат во Европа, бегајќи од војна и сиромаштија.
Сипила истакнал дека ЕУ планира да распореди 120.000 азилнати, кои стигнале во Грција, Италија и Унгарија и дека тоа би требало да биде на доброволна основа. Финскиот премиер изразил надеж дека Финска ќе им послужи како пример на останатите членки на ЕУ.
Во Британија повеќе од 40 општини одговориле позитивно на апелот на Владата за сместување на бегалците од Сирија.
Британскиот премиер Дејвид Камерон е под силен политички притисок и најави дека Британија ќе преземе „Повеќе илјади“ бегалци од камповите во земјите околу Сирија.
