Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОИ ОД НИВ ЗЕМААТ ПЛАТИ КАКО ПОЛИТИЧАРИТЕ: Ќе се изненадите која професија е најбарана во Романија

НЕКОИ ОД НИВ ЗЕМААТ ПЛАТИ КАКО ПОЛИТИЧАРИТЕ: Ќе се изненадите која професија е најбарана во Романија

Од земја до земја има големи разлики, а професијата свештеник е една од најбараните во Романија, но воедно е солидно платена. Дел од нив земаат плати колку политичарите. Сега државата има над 20.000 свештеници кои примаат плата од државата. 

Вакви резултати покажа истражувањето кое го објави „Антена обсервер“. Поп со средно образование заработува околу 4.000 леи (815 евра), а оној со високо образование – околу 5.000 леи (1.020 евра). Износот може да се зголемува зависно од акумулираниот стаж. 

Патријархот Даниел зема плата слична како онаа на претседателот на Сенатот или на претседателот на Домот на пратеници. Од 1 јануари годинава, добива месечна плата од околу 25.000 леи (скоро 5.100 евра). Парите за платите на поповите се од државниот буџет.  Ова е интересна статистика со оглед на фактот дека многу земји мака мачат да најдат лекари или занаетчии. Романија пак има потреба од свештеници. Инаку, Романија на сите рангирања за плати и стандардот котира ниско во европското семејство заедно со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести