Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некогашниот најбогат град во Европа има 60 езера - се наоѓа во кратерот на урнат вулкан

Некогашниот најбогат град во Европа има 60 езера - се наоѓа во кратерот на урнат вулкан

Некогашниот најбогат град во Европа има 60 езера. Toj се наоѓа во кратерот на урнат вулкан, а многумина никогаш не слушнале за него.

Банска Штавњица во Словачка беше позната по своите рудници за злато и сребро, а поради својата средновековна архитектура, беше вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Најфасцинантните градови во Централна Европа секако се Прага, Будимпешта и Краков, но Банска Штавњица,  град со околу 10.000 жители, сместен во централниот дел на Словачка, сигурно заслужува место на таа листа.

Лежи во средината на огромна кружна вдлабнатина создадена од колапсот на древен вулкан, чиј раб сега е планинскиот венец Штавњичке Врхове.

Денес, Банска Штавњица е една од најпосебните туристички дестинации во Словачка. Често се опишува како „скриен скапоцен камен во вулкан“ или „сребрен град со 60 езера“, а поради својата исклучително добро зачувана средновековна архитектура, беше вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1993 година.

Местото некогаш било многу богато со рудници за злато и сребро.

Првите работници во нив дошле од соседните Бохемија и Шлезија, а во документ запишан уште во 1156 година, Банска Штавњица се споменува како „Terra banensium“, што буквално значи „земја на рудари“ на латински.

Барутот за прв пат бил користен во рударството таму во 1627 година, а откако рудниците во регионот почнале да се поплавуваат во 1722 година, раните парни машини биле користени за испумпување вода, меѓу првите на европскиот континент, пренесува bizportal.rs.

Покрај тоа, во Банска Штавница е основано рударско училиште во 1735 година, а во 1762 година рударска академија, која се смета за прв технички универзитет во светот.

foto Wikipedia/Jacquesverlaeken

Слично

Поврзани вести