Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некогаш главна закана за Facebook, денес Twitter пред продажба

Некогаш главна закана за Facebook, денес Twitter пред продажба
Раководството на Twitter размислува да ја стави компанијата на продажба и да се надева на голема финансиска инјекција од некој технолошки гигант или пак инвеститор со оглед на тоа што социјалната мрежа иако е во пораст се уште нема стабилен извор на приходи, ниту пак може да се мери со Facebook. Ниту враќањето на Џек Дорси, основачот на Twitter како извршен директор, не помогна во генерирање на платформа за атрактивни онлајн огласи од кои може да се заработува, но разликата со Facebook е што мрежата на Цукерберг дневно генерира огромна содржина од самите корисници и многу лесно е да се пласираат реклами. Најголем интерес за преземање на Twitter имаат Apple и Google кои самите не успеаа да создат своја социјална мрежа која ќе биде доволно атрактивна за корисниците. Конкретна понуда не е испратена, но таа може да достигне околу 10 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести