Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нека дојде домашен инвеститор да отвори фабрика, ќе добие помош од Владата!

Нека дојде домашен инвеститор да отвори фабрика, ќе добие помош од Владата!
Поддршка даваме и на странците, но и на домашните компании ако побараат изјави вчера премиерот Груевски. Дебата за помошта на странците и дискриминација на домашните фирми се јави откако инвеститорот Ван Хул јавно откри дека ја спасил од банкрот својата компанија откако од Македонија земал 17 милиони евра во субвенции. Но, Груевски вели дека законите важат подеднакво за сите, а дека тезата за дискриминција на домашните фирми е развиена од СДСМ. - Цела помош и поддршката што ја даваме важи за сите. Ако нам ни дојде некој домашен инвеститор и сака да отвори фабрика, на пример со илјада вработувања, и побара помош, ние секако дека ќе му излеземе во пресрет. Камо среќа да има пет-шест или повеќе домашни инвеститори коишто ќе дојдат со проект и со заокружена финансиска конструкција и ќе побараат поддршка од Владата во државна помош за отворање нови фабрики што ќе отворат нови 5-6 илјади работни места ние сигурно ќе ги поддржиме, нагласи премиерот.

ДОМАШНАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ПОРАЧУВА: Ние го полниме буџетот, а владата им го раздава на странците!

Според него, не постои разлика во поддршката што им се дава на странските и на домашните инвеститори. – Постои само разлика во две времиња – време кога беше СДСМ, кога немаше странски инвеститори, освен ако се продадеше некој монопол и време на ВМРО-ДПМНЕ кога доаѓаат многу странски инвеститори и кога и домашните имаат свој напредок и заради нивно поврзување со странските инвеститори и заради подобрата бизнис клима, рече премиерот Груевски.

ИНТЕРВЈУ ГЛИГОРОВ: Тонеме како фирми и граѓани, а други извлекуваме од кал, време е ова да престане!

Слично

Поврзани вести