Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕИЗВЕСНОСТ ВО ПОЛИТИКАТА: Кога ќе продолжи дијалогот на партиите?

НЕИЗВЕСНОСТ ВО ПОЛИТИКАТА: Кога ќе продолжи дијалогот на партиите?

Засега преговорите меѓу политичките партии за излез од кризата се во мирување. Политичката криза е во статус кво а заеднички дијалог ни на повидок.

Секојдневно двете најголеми партии во земјава ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се и партиски ривали се препукуваат за ситуацијата во земјава.

Од СДСМ веалт дека дијалогот ќе може да продолжи тогаш кога владеачката гарнитура ќе покаже спремност за реално прочистување на Избирачкиот список и реформи на медиумите.

Од владеачката партија пак  со повик до Државната изборна комисија да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список за, како што е наведено, да го увери СДСМ дека тој е веќе прочистен.

„ВМРО-ДПМНЕ прифаќа секаков предлог и методологија што ќе ја побараат членовите на СДСМ во ДИК. Ние знаеме дека избирачкиот список е чист. Тоа го знае и СДСМ, но не сака јавно да го признае. Затоа измислуваат разни бројки на спорни гласачи со кои се обидоа да манипулираат, но всушност потврдија дека сите изборни порази на СДСМ во изминативе 10 години се само поради тоа што народот не ја прифаќа нивната деструктивна, антидржавна политика“, стои во вчерашното соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата мора да обезбеди Специјалното јавно обвинителство да може без пречки и влијанија да ја исполнува својата задача, порачуваат пак од Берлин.

Освен тоа, партиите би требало да се договорат за нов термин за изборите и да покренат јасно дефинирана реформска програма. Притоа, во прв ред станува збор за создавањето на минимални стандарди за одржувањето на кредибилни избори, како што е расчистувањето на гласачките списоци, неограничениот достап до медиумите и поделбата меѓу партија и држава.

Но, исто така, не смее да биде изгубена од вид ни пошироката реформска програма, за која исто така е постигната согласност во Договорот од Пржино. При обидите за посредување Комисијата на ЕУ, која се поддржува од нашиот специјален пратеник Хајндл, зависи од волјата на македонските партиски врвови за соработка“, вели во интервју за Фактор Државниот министер во германското МНР Михаел Рот.

Слично

Поврзани вести