Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизвесно е дали има вирус Зика во Македонија

Неизвесно е дали има вирус Зика во Македонија
Бебето од Дојран родено со мала глава нема Денга вирус, а за десетина дена ќе се знае дали има Зика вирус. Бебето е на возраст од два и пол месеци, а на Детската клиника е упатено пред две недели од педијатар од Струмица, кој се посомневал дека нешто не е во ред со детето поради тоа што има мала глава. Министерот за здравство,  Никола Тодоров објаснува дека испитувањето се прави во референтна лабораторија во Германија. „После разговорите со повеке стручњаци може да се каже дека очекувањата се негативни и нема простор за паника, но сепак добро е да се провери“ - вели министерот Тодоров. Мајката на бебето во првото тормесечје од бременоста патувала во Грција и била касната од комарец. Според Тодоров формирана е комисија која го следи случајот и без разлика на резултатите ќе се следи каде е направен пропуст. Бременоста на мајката  била редовно следена и нејасно е како гинеколозите не ја забележале аномалијата кај плодот бидејќи ваквите деформации се видливи и на ЕХО. Зика вирусот е закана која на големо се прошири во делови на САД лани и продолжува да се шири годинава. Светската здравствена организација предупреди дека постои опасност овој вирус да се прошири во други држави во светот.
Слично

Поврзани вести