Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕИЗВЕСНА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА: Може ли за два дена да се проверат 60 000 спорни гласачи?

НЕИЗВЕСНА ТЕРЕНСКА ПРОВЕРКА: Може ли за два дена да се проверат 60 000 спорни гласачи?

Утре истекува рокот според првичните планови за теренска проверка, но сепак овој датум засега е неизвесен, поради големиот број останати сомнителни гласачи, и краткиот рок.

Од ДИК упорно уверуваат дека теренската проверка ќе биде готова до недела (3 април) но сепак податоците покажуваат друга слика.

Според офицјални податоци на ДИК досега се проверени над 20 илјади гласачи.

Во дел од скопските општини проверката е речиси пред крај, но има општини како Карпош во кои работата оди тешко и бавно, информираат од ДИК.

Откако ќе заврши теренската проверка, следува Избирачкиот список да биде ставен на јавен увид.

Од веб страната на ДИК е повлечен и списокот со спорни гласачи по барање на Дирекцијата за заштита на личните податоци поради како што велат  со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата.

Слично

Поврзани вести