Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизвесна судбината на пријавите од граѓаните поднесени до ДИК

Неизвесна судбината на пријавите од граѓаните поднесени до ДИК
Не се знае дали 3.000  пријави од граѓаните поднесени до ДИК за избирачкиот список, ќе се решаваат по службена должност или ќе се третираат како претставки од граѓани. Неколку членови на ДИК сметаат  дека по Законот за граѓански претставки, треба да се запази управната постапка и граѓаните да добијат одговор што решила ДИК по нивното барање. Другите членови предложени од опозицијата, бараат да се прави разлика меѓу пријава и барање и државните органи да не ги занемарат овие пријави. Вкрстената проверка на податоците ќе заврши деновиве. ДИК го усвои упатството за спроведување теренска проверка на оие случаи каде ќе има несовпаѓање. За оваа цел ќе бидат ангажирани обучени анкетари, а партиите ќе имаат  набљудувачи. Во ДИК очекуваат на овој начин да бидат опфатени голем број од нелогичностите што ги пријавуваат граѓаните.
Слично

Поврзани вести