НЕИЗВЕСНА ИДНИНА: Што ќе се случи со катната гаража кај Бисер?
Неизвесна е судбината на катната гаража кај Бисер, објектот кој никна пред осум години остана на Комерцијална банка каде инвеститорот ја ставил под хипотека уште кога се задолжувал за да ја изгради.
Од градежната компанија која го изгради овој објект велат дека државата наместо да се грижи за инвеститорите и да поттикнува нови вложувања, таа е обидува да им го отежни.
Сега банката ја продава, ама тешко наоѓа заинтересирани купувачи, оти како што велат од Илинден, бизнисот не е рентабилен. Фактор објави пред една недела дека оваа гаража е ставена на продажба, без извесност за иднината. Додека беше на власт претходната владеачка гарнитура, се изградија повеќе катни гаражи во центарот на Скопје. Дел се и од проектот Скопје 2014, а чинеа по неколку десетици милиони евра. Од Илинден велат дека нивниот објект е еден од ретките кои ги задоволува сите стандарди и е комплетно приватна инвестиција. Тврдат дека е лошо што им се наметнувале услови за работа кој само им го отежнувале бизнисот.
