Неизвесен договорот за деловникот за работа на анкетната комисија
Продолжува седницата на која треба да се договори деловникот за работа на анкетната комисија.
Во петокот на седницата не се појави Ванхауте, и истата беше прекината од претседателот Шетре Шилегов, поради како што изјави, координација.
Партиите и понатаму се сопкаат на двојниот решавачки глас на претседателот на Комисијата.
Досега нема усогласенот ни за ставот во деловникот за директен пренос на седниците на Собранискиот канал, ниту за времетраењето и за начинот на испрашувањето на сведоците.
Исто така спорни прашања се дали комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови, околу сведоците на седниците и колку пати еден сведок или експерт може да се појави на седница и дали гласот на претседателот на комисијата во ситуација на изедначена гласови да се брои два пати.
