Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизборот на ад хок телото ги става во неизвесност изборите?

Неизборот на ад хок телото ги става во неизвесност изборите?

Неизвесноста во изборот на ад хок телото води кон неизвесност на изборите во најава.

Денеска се проби рокот за изборот на петтиот член на привременото тело кое ќе има функција да ги следи медиумите за изборите

Денешната средба на четворицата претставници на ова тело кои треба да го изберат петтиот член пропадна поради неприсуството на двајцата членови од владеачката партија.

Претставниците од СДСМ речиси два часа чекаа да се појават Чилиманов и Димишкова од ВМРО-ДПМНЕ но тие не дојдоа.

Oпозицијата веднаш реагираше и ја обвини власта дека не сака слободни медиуми.

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека не сакаат ослободување на медиумите од притисоците на власта. Во соопштение повикуваат ад хок телото да се ослободело од притисоци, а тоа е формирано токму за да се спречат контролата, притисоците и корумпирањето на медиумите од Груевски и власта“, соопштија од кабинетот на Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со спротивни тврдења

„Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со вољата на народот и плаќањето на казната за своето деструктивно делување“.

Од партијата на Никола Груевски посочуваат дека „со секој поминат ден, се подраматични стануваат обидите да се блокираат изборите и излезот од кризата. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека доколку не постои криза во Македонија, тој и СДСМ немаат ништо конструктивно да им понудат на граѓаните. Единствениот проект на СДСМ е деструктивната политика, лагите, фабрикациите и одржувањето на земјата во што подолга состојба на агонија“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски утрово кажа дека денеска ќе има состанок со членовите на привремената комисија на кој ќе треба да решат што понатаму.

Слично

Поврзани вести