Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неисправно месо повлечено од малопродажба во Црна Гора

Неисправно месо повлечено од малопродажба во Црна Гора
Во првите два месеци годинава, 162.5 килограми месо се повлечени од малопродажните објекти во Црна Гора и се уништени. Инспекциите го вклучија алармот и го отворија прашањето какво  месо се конзумира. Заради присуство на листерија во сувомеснати производи, на неколку компании привремено им е забрането производството. Од Управата за инспекциски надзор велат дека произведените сувомеснати производи ќе бидат подложни на анализи. Листеријата може да доведе до сериозни здравствени проблеми, а симптоми кои ги предизвикува оваа бактерија се температура, повраќање, губење рамнотежа, а во некои случаи и парализа на некои мускули.  
Слично

Поврзани вести