Негувајте ги семејните вредности преку спортот
Спортот и семејните вредности денеска беа промовирани на семејниот настан во СЦ Борис Трајковски.
Повеќе од петстотина родители и македонски спортисти го посетија настанот со своите деца, каде заедно спортуваа и се дружеа . Тие играа фудбал, ракомет, пинг понг, куглање и уште многу спортски игри кои беа организирани во рамки на настанот.
Основната цел на проектот е преку спортот и дружбата да им се овозможи на граѓаните, да посветат повеќе внимание на своите семејства, на семејните вредности и семејните врски.
Настанот го отворија Директорот на СЦБорис Трајковски, Златко Перински, Директорот на Агенција за млади и спорт, Марјан Спасески како и Владимир Ѓорчев.
Слично
